Малолетник се забил со возило во канделабра на Водњанска: Повредени 4 малолетници

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје. Имено, утрово во 4:20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. Мајка Тереза со ул. Тодор Александров  и ул. Белградска (на популарната Водњанска) патничко возило „Форд Мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабар и бетонска жардиниера.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, двајца од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестАрсовска: Започнуваме со изградба на мега парк од 30.000 м2 во Ѓорче Петров
Следна вестНови 473 случаи на Ковид 19, пријавени се три починати лица