Нови 473 случаи на Ковид 19, пријавени се три починати лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.131 тестови, а регистрирани се нови 473 случаи на КОВИД-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека новозаразените се во: Скопје – 204, Битола – 37, Охрид – 31, Куманово – 21, Струмица – 20, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Кочани – 14, Велес и Кичево – по 12, Тетово и Гевгелија – по 11, Штип – 9, Неготино – 7, Радовиш – 6, Струга, Ресен, Свети Николе и Берово – по 5,…

Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 114 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица од Скопје (76г), Охрид (70г) и Прилеп (93г). Две лица се починати во болнички услови и едно во домашни услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.141.456 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.513, бројот на оздравени пациенти е 324.633, на починати е 9.440, а бројот на активни случаи изнесува 3.440.

Претходна вестМалолетник се забил со возило во канделабра на Водњанска: Повредени 4 малолетници
Следна вестНад 100 македонски научници: Ги сметаме за ништовни и нерелевантни препораките на Комисијата