Малолетник со остар предмет се шетал низ трговски во Карпош

Малолетник низ трговски центар во Скопје се шетал со остар предмет.

Полицијата го приведе, а ќе следи и соодветна пријава.

– На 27.05.2024 во 20.50 часот во трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од село Сарај, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје, соопштија од полицијата.

Претходна вестНаучна расправа во МАНУ за макроекономијата по рецесијата од 2007 – 2009 година
Следна вестПетров и Богоев разочарани од молчењето на сопартиците, бараат да дискутираат, а не да се сликаат