Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 461 прекршок, соопшти денеска МВР.
Предвидена санкција за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.