Маж лажел дека му се потребни пари за лечење, на тој начин обезбедил 8.000 евра

Жител на Мала Речица лажел дека му се потребни парични средства за здравствени потреби. На тој начин, односно со измама успеал да земе осум илјади евра.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Д.(35) од Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во период од ноември 2022 година до 16.06.2023, преку социјални мрежи во повеќе наврати и со изговори дека му се потребни парични средства за здравствени потреби, како и за верски обичаи, преку агенции за брз трансфер на пари, од Е.Ќ. од Косово обезбедил имотна корист од над 8.000 евра.

Претходна вестДемант на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто
Следна вестЕдно лице повредено во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово