43-годишна жена во полициска станица пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка била нападната од машко лице. Тој ја допирал по телото.
– На 21.06.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Драчево, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.06.2023 околу 22.00 часот на ул.„Драчевска“ едно машко лице физички ја нападнало нејзината 15-годишна ќерка и ја допирало по телото, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.