Маж нападнал полицајци во полициска станица

Основното јавно обвинителство Струга предложи притвор за 30-годишен стружанец кој нападнал полицајци во просториите на ОВР Струга. Причината за нападот бил поради одземено возило.

Осомничениот, на 26 јули, влегол во просториите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да ги навредува поради одземено возило. Кога тие побарале од него да го напушти објектот и да се легитимира, тој со лакт удрил еден од полицајците во стомакот и се обидел да побегне. Додека да го совладаат, осомничениот уште неколкупати го удрил полицаецот, нанесувајќи му повреди на раката, вратот и градите – велат од ОЈО.

Имајќи предвид дека се работи за напад врз полицајци во полициска станица, јавниот обвинител оценил дека постои можност осомничениот да го повтори делото и до судијата достави предлог за определување мерка притвор.

Претходна вестКовачевски за неплаќањето струја во Слупчане: Секогаш постојат поединци кои сакаат да злоупотребат повеќе луѓе за свои цели
Следна вест„БМВ“ се преврте на покрив во Тетово