Маж преживеал 24 дена на море јадејќи само кечап

Иако преживувањето на море често завршува несреќно, 47-годишниот Елвис Франсоа од островот Доминика на Карибите преживеал 24 дена на едрилица и тоа јадејќи само кечап. Мажот го пронашла колумбиската морнарица и тоа 120 наутички милји северозападно од Пуерто Боливар. Франсоа во разговор со службениците изјавил дека видел и други пловила, но не успеал да го привлече нивното внимание.

Тој го изрезбал зборот „помош“ на едрилицата со надеж дека авионите кои прелетуваат би можеле да го видат и евентуално да повикаат помош.

Со цел да преживее, Елвис во текот на 24-те дена јадел исклучиво кечап.

– Немав храна. На бродот имаше само шише кечап и лук во прав. Тоа го помешав со малку вода за да преживеам 24 дена. Собирав дождовница за да останам хидриран, изјавил за медиумите.

На крајот објаснил и како службите успеале да го пронајдат.

– На 15-ти јануари забележав авион. Имав огледало и со помош на него ги рефлектирав сончевите зраци кон авионот. Набрзо сфатив дека ме виделе. Можам да им бидам благодарен што сум жив. Беше многу тешко. Немав со кој да разговарам, не знаев што да правам ниту каде се наоѓам, порачал Франсоа.

Претходна вестО2 Иницијатива: Паднаа митовите дека Берово е воздушна бања, а Битола град со најзагаден воздух
Следна вестПендаровски во Давос: Се видов и поздравив со стари и нови пријатели