Маж сексуално ја вознемирувал малолетната ќерка на невенчаната сопруга

Жена пријавила во полиција дека невенчаниот сопруг подолго време ја допира по телото нејзината малолетна ќерка од првиот брак. Мажот бил задржан во полициска станица.

– Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (8 мај), околу 16.45 часот го лишиле од слобода 51-годишниот М. Б. од гостиварско село, кој во 13.15 часот бил пријавен од својата 40-годишна невенчана сопруга, со која живееле заедно, дека подолго време ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка од првиот брак, информираат од МВР.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

Претходна вестГрчката полиција идентификува петмина осомничени за упад на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун
Следна вестОпштина Кисела Вода ја презеде руинираната сала „Расадник, најавена реконструкција