Грчката полиција идентификува петмина осомничени за упад на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун

Идентификувани се пет лица од поголема група која упаднаа во уметничката галерија во солунската општина Каламариа на изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, соопштија властите во Солун, Грција. Оваа група со закани бараше поставката да биде симната.

-Четворица се грчки мажи на возраст од 19 до 24 години, а петтата е жена и странски државјанин на возраст од 22 години, се вели во соопштението на Грчката полиција.

Нападот на галеријата се третира како расно мотивирано кривично дело.

-Против нив е покренат предмет за недозволено насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло, објави грчката полиција, пренесе МИА.
Во меѓувреме, полицијата соопшти дека ќе продолжи со истрагата за идентификација на останатите осуммина кои со скриен идентитет упаднаа во галеријата и го повикаа македонскиот уметник да ја прекине изложбата.

Приврзаници на неонацистичка партија Златна зора подоцна ја презеде одговорноста за инцидентот.

Упадот се случи на 27 април а во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ се наведуваше дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“. Ова група коментираше дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што соопштија, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ ликовниот уметник Сергеј Андреевски претходно беше свечено отворена во Солун, во присуство на голем број посетители. Андреевски неодмана се јави со коментар дека „уметноста не познава граници и дека нејзиниот јазик е универзален“.

„Златна зора“ е неофашистичка партија, која во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а според судската пресуда од 2020 година е криминална организација и раководството на партијата, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворски казни.

Претходна вестЧовек краде од засадените цвеќиња со кои е испишано името на градот Тетово
Следна вестМаж сексуално ја вознемирувал малолетната ќерка на невенчаната сопруга