Маж скрил 59.000 евра во чорапи

На граничниот премин Прешево во Србија спречен е обид за шверц на 59.000 евра, кои 55-годишен возач на „бмв“ ги скрил во неколку чорапи складирани во неговиот багаж.

Мажот патувал од Германија до Грција и рекол дека нема што да пријави, соопшти Царинската управа во Србија. Царинските службеници го прегледале возилото и на задното седиште пронашле торба со лични предмети, меѓу кои и чифт чорапи полни со евробанкноти.

Дел од парите скрил и во џебот од панталоните. Од 59.000 евра, на човекот му се вратени дозволените 10.000 евра, кои може да се префрлат преку граница без пријавување. Надлежниот суд ќе одлучи што ќе прави со остатокот од парите во прекршочната постапка.

Претходна вестИнтервенција за историја: Направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор
Следна вестМигранти од Мароко проселе во училиштен двор во Струмица