Темен режим Режим на светлина

Мигранти од Мароко проселе во училиштен двор во Струмица

Полицијата пронашла двајца мигранти од Мароко, кои, заедно со уште три лица мигранти, проселе во двор на училиште во Струмица.

„Денеска (25.11.2022), во 14.45 часот, на булеварот Маршал Тито во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица, постапувајќи по претходно изготвен оперативен план за безбедност во и околу училиштата, кој се спроведува на територијата на целата држава, пронашле двајца мигранти од Мароко, кои заедно со уште три лица мигранти проселе во двор на училиште во Струмица“, информираа од МВР.

Мигрантите ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Маж скрил 59.000 евра во чорапи

Следна објава

Малиот Македон доби признание од Пендаровски