Темен режим Режим на светлина

Нема договор помеѓу историчарите од Македонија и Бугарија за Охридската архиепископија

Без договор завршил вчерашниот состанок на мешовитата макеоднско-бугарска Комисија за историски прашања во Скопје. Членовите разговарале за тоа како да биде претставена Охридската архиепископија во македонските учебници по историја.

Копретседателите на Комисијата од македонска и од бугарска страна, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров, рекоа дека биле блиску до договор, но на крајот не успеале да се усогласат.

Ѓоргиев во изјава за медиумите по состанокот рече дека не може да ги надминат недоразбирањата поради различниот пристап на толкувањето на средновековната историја. Објасни дека бугарските историчари сакаат да се промени начинот на кој Охридската архиепископија е претставувана во нашите учебници.

-Тука станува збор за препораки за учебници со кои треба да се надминат одредени недразбирања за да се подобрат учебниците во двете држави, а не да се постигне некаква согласност меѓу историографиите во Македонија и Бугарија. Тука некаде настанува конфликтот за кој не можеме да се разбереме и да го надминеме тоа, изјави Ѓоргиев оценувајќи дека дводневната средба била напорна и тешка, но атмосферата била конструктивна.

Бугарскиот копретседавач, Ангел Димитров, рече дека биле блиску до решение, но ќе направат сè што е можно да има добри резултати на наредната средба.

-Во науката и историјата не може да има две гледни точки кои се точни, едната е точна, другата не е. Која е точна, се определува од фактите и историските извори, како и доминантната позиција во светската наука што го разгледува тоа, рече Димитров.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Облачно и ветровито, температура до 13 степени

Следна објава

Обиен автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода