Маж со бензин полеал вработен во станица за технички преглед и се обидел да го запали возилото

И.Р. (44) од гостиварското село Градец е приведен. Тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрвин со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило по што со запалка се обидел да го запали возилото.

Според пријавеното, исто така И. Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.

Извршен е комплетен увид, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Претходна вестНа српскиот пејач Ѓорѓе Давид му е одземен пасошот и не смее да ја напушти Македонија
Следна вестПослаб земјотрес регистриран во Македонија