Триесетгодишен скопјанец пријавил дека на 10 јули околу 15:00 часот, додека со Е.Н. и Р.Н. седеле пред угостителски објект во населба Бутел, во нивна близина неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Потоа се слушнал истрел од огнено оружје, кој го погодил пријавителот во ногата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот