Двајца мажи на Бит Пазар вчера нападнале скопјанец, информира полицијата.
Во соопштението се наведува дека вчера во 01:30 часот во СВР Скопје, П.М.(56) од Скопје, пријавил дека на 31.05.2024 околу 21:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ј.О. и М.Н.
-Тие потоа заедно со уште две други лица пред објектот оштетиле и инвентар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од полицијата.