Ме радува вистинското пријателство, а ме нервира нехигиената

Познатиот македонски доктор-токсиколог Нико Беќаровски одговара на 10 прашања околу неговиот живот…

1. Три најсреќни моменти во животот?

– Најрадосни моменти се секако раѓањата на моите две деца, но многу бев среќен на првата титула на РК Вардар и денот кога дипломирав на МФ, кога мислев дека го досегнав небото.

2. Три работи кои се каете што сте ги направиле?

– Реално се каам само што дозволивме несоодветни луѓе да ја водат државава триесет години и што повторно и повторно им даваме нови можности.

3. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете?

– Симон Трпчевски, Милчо Манчевски и секако малиот Македон.

4. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?

 Ме радуваат вистинско пријателство, образовани и воспитани млади луѓе и успесите на македонските спортисти. Највеќе ме нервира нехигиената, изразито ниската еколошка свест и корупцијата.

5. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?

 Во основно и средно секако Ликовно образование, бидејќи сум тотален антиталент за сликање, на Медицинскиот факултет, Микробиологија и Фармакологија, бидејќи имаше илјадници термини и зборови кои мораа напамет да се научат.

6. Три работи во кои сте добар, и три во кои не Ве бива?

– Поставување точна и брза медицинска дијагноза, кулинарство, проза и поезија. Тотален антиталент за сликање и лажење, а лош во играње тенис, иако многу го сакам.

7. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?  

 Свети Наум, Кораб и Галичник.

 

8. Три најдобри книги, филмови и песни?

 Книги: “Сто години самотија”, “Војна и мир” “Папата Јована”. Филмови: “Коса”, “Кога ќе стивнат јагнињата” и “Зошто ме осудивте на живот” песни: ” Stairways to heaven” од The Doors, “Shine on You, crazy diamond” од Pink Floyd и “Samba pa Ti” од Santana.

9. Три омилени јадења?

 Голем љубител сум на унгарската и италијанската кујна и сите нивни јадења, но сепак најомилени јадења ми се македонското тавче-гравче, сарми од лозов лист и рибена чорба.

10. Три совети кои ги давате на другите?

 Кој лаже и кради, знаењето не може никој да ти го земе, патот до врвот е напорен и долг, а од врвот кон дното може да е стрмоглав.

 

Претходна вестАвтомобил удрил во велосипедист на „Партизанска“
Следна вестМалолетник со мотор удрил и тешко повредил жена во Центар