Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде примопредадена донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина. Донацијата е во вредност од околу 250.000 евра и се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови.
На примопредавањето на донацијата најавено е присуство на државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.
Настанот, како што информираат од Министерството за одбрана, ќе се организира согласно препораките за одржување на безбедно растојание и носење на заштитна опрема.