Изет Меџири во првата изборна единица, Африм Гаши во втората, Билал Касами во шестата. Лидерот на Алијанса на Албанците и кандидат за претседател, Арбен Таравари откри дел од носителите на листи на коалицијата „Вреди“ за претстојните парламентарни избори на 8 мај.
За „петката“, како што рече, се прави анкета и за три-четири дена се очекува да биде познат носителот, но нагласи дека, согласно коалицискиот договор, ќе биде од Алијанса на Албанците.
Лидерот на Алијанса на Албанците истакна дека коалицијата „Вреди“ нема проблеми при составувањето на листите. Независно од имињата, тој најави победа и на 24 април и на 8 мај.