Меѓународен натпревар за есеи за млади за 2023 година

Министерството за образование и наука информира за можноста младите од Македонија да учествуваат на меѓународен натпревар за есеи. -Фондацијата „The Goi Peace“ ги поканува младите од нашата земја да учествуваат на Меѓународниот натпревар за есеи за млади 2023 година..Секоја година оваа фондација прима повеќе од 20 000 трудови од млади луѓе од околу 150 земји од светот, објави МОН.

Тема на натпреварот годинава е „Младите создаваат мирна иднина”. Трудовите треба да се пратат најдоцна до 15 јуни 2023.

Повеќе информации за натпреварот за есеи се достапни на веб-страницата: www.goipeace.or.jp

Претходна вестАвтомобил излета од скопската обиколница, загина жена
Следна вестАпасиев постави спомен-плоча кај Вејце во чест на загинатите бранители