„Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949): 75 години потоа“, е насловена Меѓународната научна конференција што ќе се одржи денеска по повод 75 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во Скопје.
Од Институтот за национална историја – Скопје соопштија дека научната конференција е во организација на Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“, заедно со три научни институти при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Институтот за национална историја, Институтот за македонска литература и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Како што е најавено, се очекува научната конференцијата да ја отвори ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф д-р Биљана Ангелова.