Меѓународната изложба „Гледај тука сум без простор“ од вечерва во МСУ-Скопје

„Гледај тука сум без простор“ е насловот на меѓународната изложба што вечер ќе биде отворена во сите три галериски простори на Музејот на современата уметност. Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова, кои селектираа 40 дела од севкупната уметничка колекција – 249 дела.

Според кураторките, намерата на изложбата е преку поврзување на естетиката и политиката да предложи нов наратив за регионот и да го редефинира начинот на перцепција на некогашните ситуации во нови прилики, кои поставуваат нов контра-распоред во културата.

Исто така, ќе бидат изложени и дела од уметничкиот колектив „Словени и Татари”, Дан Пержовски, Хортенсија Ми Кафчин и Ципријан Мурешан од Романија, Ева Котаткова од Чешка, Петрит Халилај и Флака Халити од Косово, Агњешка Полска од Полска, Младен Стилиновиќ од Србијa, Јасмина Цибиќ од Словенија, Даница Дакиќ и Шејла Камериќ од Босна и Херцеговина, Игор Грубиќ, Сања Ивековиќ, Марко Тадиќ и Владо Мартек од Хрватска, Лучезар Бојаџиев, Недко Солаков, Мартина Вачева и Правдољуб Иванов од Бугарија, уметничкото дуо „Мала Варшава“ од Унгарија, Алевтина Какиџе и Володимир Кузнецов од Украина и Нилбар Гуреш и Бенгу Карадуман од Турција.

Меѓу современите автори, се дела и од двајца македонски уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска, чии дела ќе бидат вклучени во изложбата на МСУ.

Претходна вестЖителите на Бардовци и денеска на протест: Кој го сокри документот дека Центарот за странци не смее да се гради во нивна близина?
Следна вестСанкции за 121 возач во Скопје, пет за користење мобилен телефон