Вокално-инструменталниот концерт со наслов „Мелем песна“ на хорот и оркестарот на Танец се вечерва на репертоарот на „Скопско лето“, во „Сули ан“, со почеток во 20.30 часот.
Коцертот е во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Тој петти во низата музички изведби на отворено од првата летна вокално-инструментална серија, кои се одржуваат во пет македонски градови – Велес, Прилеп, Македонска Каменица, Кавадарци и Скопје. По нив, „Танец“ ќе ја започне и втора серија од три големи музичко-сценски концерти, наречена „Танец под ѕвездите“, на фестивалите во Струмица, Охрид и Битола.