Мерко побарал, а ДУИ му го замрзнала членството во партијата

Замрзнато е членството на Рамиз Мерко во владеачката партија ДУИ откако струшкиот градоначалник кој е ставен на американската „црна листа“ тоа самиот си го побарал. Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи денеска соопшти дека предлогот бил веднаш прифатен од раководството на партијата.

-Замрзнато е неговото членство активностите во партијата и во нејзиното раководство. Тој веќе не е член на раководството на ДУИ, ниту член на партијата додека не се завршат истрагите против него, рече Османи.

Тој додаде дека ДУИ има јасни ставови по однос на владењеето на правото и борбата против корупцијата и дека таквите ставови се претворени во формални одлуки на партијата.

-Најпрвин ДУИ бара институциите веднаш да се почне со сеопфатна истрага за наводите и можните информации за Мерко кои произлегуваат од одлуката на Вашингтон. Се прекинува изборната активност во општина Струга се додека не се создадат услови за тоа. Исто така, партијата ги повикува сите истражни институции во соработка со меѓународната заедница да започнат истрага за сите партии, од претседателите, до најниски ешалони, истакна тој.

Осамни кажа дека САД се нивни најголем стратешки партнер и сојузник.

-САД се наш најголем стратешки партнер и сојузник и нивните ставови не само што ние во ДУИ ги почитуваме, туку и ги сметаме за добронамерни, такви биле отсекогаш. Секој успех на оваа држава носи печат и на САД, истакна на денешната прес-конференција во МНР, минситерот за надворешни работи на Република Македонија и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.

Претходна вестИзлажал три лица дека ќе им обезбеди термини за германски визи, им земал 6.000 евра
Следна вестД-р Марјан Шокаровски нов директор на државната Кардиохирургија