Излажал три лица дека ќе им обезбеди термини за германски визи, им земал 6.000 евра

Жител на Мала Речица им земал околу 6.000 евра, на три лица со ветување дека ќе им обезбеди термини за визи. Тројцата останале и без виза и без пари.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(33) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.

Во периодот од јануари до април 2023 година, три лица од Тетово и тетовско стапиле во контакт со пријавениот за да им помогне за побрзо закажување на термини во странска амбасада за добивање на виза.

Притоа, тој побарал преку брз трансфер на пари да му уплатат парични средства на негово име и им ветил дека во рок од две недели ќе им закаже термин, информираат од МВР.

На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5.600 евра.

Претходна вестТројца струмичани затекнати како одгледуваат марихуана, полицијата им одзеде 29 стебла
Следна вестМерко побарал, а ДУИ му го замрзнала членството во партијата