Тројца струмичани затекнати како одгледуваат марихуана, полицијата им одзеде 29 стебла

Тројца струмичани затекнати како одгледуваат марихуана. На нивата биле пројадени 29 стебла, кои биле одземени.

– На 21.06.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица.Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана. На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЛани во Македонија имало шест убиства и 98 самоубиства, најмалку во последните 29 години      
Следна вестИзлажал три лица дека ќе им обезбеди термини за германски визи, им земал 6.000 евра