Мицкоски: Басните за 2001-ва Али Ахмети да му ги раскажува на Ковачевски

Басни за 2001-ва Али Ахмети да му раскажува на Ковачевски, напиша на социјалните мрежи, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски споделувајќи фотографија на која е тој облечен во воена униформа.

Ова укажување се случува откако опозицискиот лидер претходно кажа дека бил добоволец во војната во 2001 година, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети возврати дека Мицкоски не учествувал во војната, туку само ја гледал на телевизија.

-Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестСабаленка без своето знаме го освои Австралија Опен: Сите се уште знаат дека сум Белорусинка
Следна вестНационалниот парк Галичица оставен без финансиска поддршка од државата