Мицкоски: Долго време добивам информации за моја елиминација од власта

Подолго време добивам информации за моја елиминaција од власта, но не придавав значење, изјави на вечерашната конференција за печат Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој зборуваше за инцидентот којшто се случи вечерва кога две лица пукаа кон колона граѓани кои протестираа против францускиот предлог а имаше и напади со камења и шишиња.

-Ова вечерва требаше да личи на меѓуетнички конфликт, а всушност е борба за гола власт. Подолго време добивам информации за моја елиминција од власта, но не придавав значење. Вечерва видовме две лица со огнено оружје. Мистериозно се појави група од 10 лица и испукаа истрелни, но за среќа не завршија кон граѓаните, рече тој.

Мицкоски истакна дека „пиштолот од лицето е свртен кон народот“.

-Тој беше насочен за губење на нечиј невин човечки живот. Гледаме криминалци, хушкачи на власта кои одат против народот. Не кажувајте дека луѓето се припадници на една или друга партија. Една директна порака кон Албанците: Ова е заедничка борба за иднина, каква што била низ вековите и каква што ќе ја градиме понатаму. Порака до Македонците: Да останеме мирни и достоинствени, знаеме против што се бориме. Сакам да уверам дека продолжуваме утре во 19 часот, уште помасовно пред Владата, а јас заедно со вас ќе го предводам победничкиот марш, рече Мицкоски.

Тој додаде дека не го интересира дали сторителот е член на партија или не.

-И родена сестра ако ми е, ако сторила криминал треба да одговора. Овој човек стори криминал и треба да одговара, кажа Мицкоски за лицето што користеше пиштол.

Претходна вестМицкоски: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва
Следна вестАрсовска го разреши в.д директорот на „Комунална хигиена“