Мицкоски им одговори на Радев и Мицотакис: Јас сум навикнат на омаловажување и навреди, но на крај победувам

Навикнат сум на омаловажувања и навреди. Целиот мој живот е така проследен, но некако на крај секогаш победувам. Ќе видиме како ќе биде во случајов, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. За време на неговата на Гевгелија тој одговори на новинарско прашање како ја коментира средбата меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот претседател Румен Радев и нивните пораки дека „македонското раководство не е подготвено“ и дека „Мицкоски не разбира меѓународно право“.
-Сакам ние како балкански земји, да ги следиме примерите на балтичките и скандинавските држави, па сите заедно со изградени мостови, сложно да настапуваме насекаде во светот и пред официјалните лица на ЕУ и да градиме една добрососедска политика, рече Мицкоски.
Македонскиот премиер е дециден дека со омаложувања и навреди, „работата не ја бива“.
-Мислев дека сега во 21-от веќ ќе зборуваме како заеднички ќе ја развиваме заедничката економија, образование, туризам, луѓето да ги зближуваме. За тоа сум подготвен да зборувам, но, сепак, кој сум јас да им солам памет што да прават? Жалам што гледаат промена во политиката овде. Поминаа времињата кога кај нас имаше политичари со свиткана кичма и што се ќе потпишат, освен да го заштитат интересот на македонските граѓани. Мора да се навикнат на политичари кои работат за доброто на татковината и ги штитат интересите на граѓаните. Мојата порака до двајцата е дека ние сме мирољубив народ и подготвени со секого да соработуваме, но тоа го гледаме како двонасочна улица, кажа Мицкоски.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да се позанимаваат дали воопшто на следни избори ќе освојат пратеничко место
Следна вестМитески најави казни за несовесните граѓани во Аеродром