Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објави дека имал состанок со носителите на изборните единици на кои било разговарано за коалицирањето и формирање на идна влада.
-Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место, објави тој на својот Фејсбук профил.
Тој ги наведе и следните три точки:
- Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.
- Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.
- Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.
-Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема, напиша Мицкоски.