Мицкоски: Нема да сме подлизурковци и нема како папагал да ја повторувам придавката Северна

Како човек што ќе ја предводи владата сум обврзан да ги почитувам законите и ќе немам никогаш дилема се додека ваквиот Устав и закони се на сила да ги почитувам, а Преспанскиот договор е дел од ова и тука нема дилема и секој кој е дел од институциите мора да ги почитува, изјави денеска Христијан Мицкоски откако го доби мандатот за формирање на новата влада.

Тој порача дека додека ја обавуваа функцијата претседател на Владата ќе ги почитува законите до последна точка и запирка.

-Но исто очекувам и добрососедски односи на конструктивна основа кој доликуваат на 21 век. Мое човеково право е право кое е над сите права. И луѓето кои ме знаат знаат дека лесно не се изненадувам но можеби е добро да ги аргументираме позициите пред тој форум, одговори Мицкоски откако беше запрашан за пораките од Мицотакис дека доколку не ја употребува придавката Северна, може да доживееме непријатна ситуација на наредниот НАТО самит.

-Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а позади завесата да ве ограбувам вас и да се однесуваме како деспот како монарх. Членот 7 од договорот став 2 и 3 се јасни што значи кога едната и другата страна го користат терминот македонски и Македонија, членот 1 од истиот договор. Ајде да видиме што тие направија во изминативе 6 години во однос на договорот, а не да биде во фокус моето човеково право да го користам терминот Македонија, на земјата  во која сум се родил, а да видиме што тие, а што ние направивме. Кога се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше срамното име, кога го менувавме уставот па се ставаа пратеници во притвор па се вадеа ден пред гласањето за новото име. Јас сум подгвотвен да зборувам со секого. Мојата единствена амбиција е да направам нешто за мојата татковина и за граѓаните,  порача Мицкоски.

Запрашан дали ќе испрати протесна нота и ќе ја алармира меѓународната заедница за тоа што го прави Грција, Мицкоски вели дека засега нема активност затоа што сме надвор од институциите во ЕУ, но кога ќе сме дел ќе се бориме и браниме.

-Кога ќе бидеме внатре во институциите, ќе имаме дипломатска активност. Нема да водиме провокативна офанзивна политика, нема да градиме споменици и да преименуваме автопати, туку сакаме да градиме мостови, економска соработка, соработка во туризмот и културата. Тука сме, соседите мора да се почитуваат и ќе ги анализираме сите чекори, а внимателно ќе влечеме потези, но немаме намера да сме подлизурковсци  да се понижуваме самите себе, рече Мицкоски.

Претходна вестСо донација од 377 книги создадено македонско катче во националната библиотека во Осло
Следна вестЕвропската централна банка ја намали каматната стапка за прв пат по 5 години