Мицкоски предлага формирање работни групи за францускиот предлог во Собранието

Предлог да се формриаат работни групи во македонското Собрание кои што ќе го разгледуваат францускиот предлог изнесе синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој пред синиќешниот протест пред Владата упати нов предлог до власта.

-Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ. Често пати, да не речам секогаш, тие излегле дека се невистина. Да формираме работни групи,  од пратеници од опозицијата, од властам од помали и поголеми партии, бидејќи денеска гледаме дека утре ќе поминувал на Влада, па таков ќе доаѓал на пленарна седница и се создава тензија, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека „само оние кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“.

-Во периодот кој што следи очекувам голем број граѓани да ни се приклучат и да имаме масовна поддршка во насока на громогласно „не“  против диктатот на последниот предлог, рече Мицкоски.

Претходна вестМилевски од ЛДП порача дека ако денеска се бара одлука, тој ќе биде против
Следна вестСДСМ: Мицкоски бара работни групи за Бугарија, кога му нудевме одби