Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве ако знаат подобро решение нека дојдат и нека кажат, реагира премиерот Христијан Мицкоски по изјавата на евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, дека не треба да има распуштање на Судскиот совет и советот на Јавни обвинители и дека тоа е мешање во независноста на судството.

Мицкоски рече дека амбасадорите, истовремено, состојбата со влаеењето на правото ја оценуваат како катастрофална, а во извештаите пишуваат дека цутат криминалот и корупцијата.

-Довербата во Судскиот совет е на 2-3 проценти кај граѓаните. Очигледно е дека работите не функционираат. Кога ќе видите проблем, барате решение за тој проблем. Ние, ете понудивме решение. Во ред, не се битни 600.000 гласа за амбасадорите, не е битна програмата на Владата. Еве ако знаат подобро решение нека дојдат и нека кажат. Подготвен сум да разговарам за истото и да го примениме. Да ја вратиме довербата кај граѓаните. Видете кои се членови на Судскиот совет и се ќе ви стане јасно. Бевме сведоци на сите драмолетки во изминатиот период. Подготвен сум секој кој има подобра идеја да дојде и да кажат како треба. Само да не биде како досега. Видовме што значи тоа – монтирани случаи, политички нарачки, луѓе кои се жртви на прогон, рече Мицкоски денеска во Гевгелија.

Претходна вестМитески најави казни за несовесните граѓани во Аеродром
Следна вестИ Управен суд пресуди дека Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ристоска