Гордана Силјановска – Давкова, кандидатката на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постигна извонреден резултат на првиот круг на претседателските избори. Убедливо доби најмногу гласови. Тоа за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е доказ дека „народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прави голема грешка“.
-Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 илјади гласови разлика, победуваме со повеќе од 170 илјади гласови… Ветував многу работи и сите работи се случија, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ, но ние издржавме. Ви благодарам од срце народе на Македонија. Ветував дека ќе се случи народ и денеска се случи народ. Ова е голема победа за македонскиот народ. Пораката е јасна, Македонија не се плаши и се враќа во рацете на народот, кажа синоќа Мицкоски.
– Работата не е завршена, а власта не е нималку наивна. На осми мај е потребен убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.