Мицкоски: Владата коленичи пред светот и носи луѓе за да прават тортура врз ВМРО-ДПМНЕ

Владата коленичи и ја моли меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, оцени денеска Христијан Мицкоски, лидер на најголемата опозициска партија.

Одговорајќи денеска на новинарско прашање врзано за посетата на американскиот дипломат Габриел Ескобар на Скопје, Мицкоски при посетата на скопската општина Гази Баба рече дека притисоците врз опозициските пратеници нема да успеат. Мицкоски додаде дека треба да се зборува за реалните проблеми, а не за уставните измени. Единствен избор, повтори дека се изборите.

-На состаноците изминатите месеци, ние не читаме поезија. . Тоа го кажав неколку патиТоа се состаноци на кои аргументирано ја браниме нашата позиција, односно позицијата на огромно мнозинство на македонскиот народ и на граѓани ВМРО-ДПМНЕ нема друга опција, треба со факти и аргументи да се спротивстави на криминалните политики на Владата, која не може да испорача се што презела, а со цел да останат на власт уште ден повеќе на власт за да може да крадат. Тие коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку нас и на огромното мнозинство граѓани во Македонија, рече Мицкоски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ не гласа за уставни измени бидејќи сметаат дека тоа е најправилно, а не поради инает.

-Можам да ги разочарам, такво нешто нема успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред и претходно кога на Уставната комисија се гласаше потребата за уставните измени. Уште тогаш беше јасно дека нема 2/3 пратеници. Навистина жалам што македонските граѓани мора да бидат дел од оваа јавна тортура што им се врши. Наместо да зборуваме за реалните проблеми на пензионерите, за инфлацијата, за екстремно високите цени на прехранбените производи, за почеток на учебната година без учебници, за катасгрофата во здравството каде луѓе умирата по ходници, за проблемите на земјоделците, за катастрофата во економијата, јавноста мора да биде сведок на тортурата што ја прави од Владата и истовремено коленичи пред светот и носи луѓе за да прават тортура врз ВМРО-ДПМНЕ. Ние ќе останеме, затоа што ова не го правиме ова од инает, туку ова го правиме затоа што веруваме дека е исправно. Ќе продолжиме и натаму да се бориме за македонско национално единство и достоинство на сите граѓани на Македонија и за Македонија, додаде Мицкоски.

Претходна вестПочнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата
Следна вестРецепти за лекови за притисок и шеќер во крвта, тироидната жлезда, белодробни болести и за астма од денеска ги препишуваат матичните лекари