Mинимално приспособени таленти го упропастуваат оригиналот на народното творештво

Целата уметност ја губи битката, премногу зли сили надвјасале над човештвото во глобала. Се создаваат испрани и послушни мозоци, медиокритети кои треба да послужат како идни робови…, вели Димушевски

Со истакнатиот македонски музичар Кокан Димушевски зборуваме за состојбите во домашната уметност – музика, нејзиниот квалитет и какви се можностите тие да се подобрат.

Дали квалитетната македонска музика ја губи битката со просечноста и шундот?

 Целата уметност ја губи битката, премногу зли сили надвјасале над човештвото во глобала. Се создаваат испрани и послушни мозоци, медиокритети кои треба да послужат како идни робови на „златната бројка од пола милион луѓе на планетава, се уништуваат семејството, традицијата, емоцијата, духовноста, индивидуалноста и сакате да ви дадам оптимистичен одговор?

 Кој е виновен за тоа што добрата музика е се помалку видлива и се помалку се прави во Македонија?

 Виновни сме сите ние кои живееме тука бидејќи премолчувањата и не спротивставувањата на глупостите кои као поплава од кал ни влетуваат во секојдневието не прави уште по виновни од изумителите на новиот свет или поредок, именувајте го како сакате. Просечноста стана доблест, а одвратноста постана ИН.

Ја злоупотребуваат ли некои автори изворната македонска музика за да си прават свои дела?

 За да се злоупотреби нешто треба и сериозно да го познаваш истото, ова што веќе подолго време стана модерно и тренд е тоа да секој минимално приспособен талент од авторите си зема за право да го упропастува оригиналот на народното творештво до тотална непрепознатливост, лигаво, одвратно и просто притоа убедувајки ги и другите, а и најжалното од се и себе си дека е спасувачот – месијата – чуварот на традиционалните вредности. Страшно е… немам друг збор.

Има ли и кој е начинот да се стимулираат квалитетните музичари и тие да испливаат на површина?

Ако барате помош од другите нема да ви се случи. Морате самите да ја добиете и битката и војната, мора да сте родени за тоа да го правите, мора да знаете да се одрекнете од многу нешта во својот живот додека истражувате, учите, вежбате на својот избран инструмент со часови. Тие кои се „невидливи, а ги слушате, оставаат печат и трага позади себе и никогаш не се задоволни со постигнатото во уметничка и душевна смисла – е токму тие ќе преживеат и ќе се помнат долго после нивното физичко исчезнување од овој свет.

ВИСТИНСКИТЕ УМЕТНИЦИ СЕ БУТКААТ НА МАРГИНИТЕ, СЕ ПРАВИ ПРОСТОР ЗА НЕУКОСТА

Во врска со уметноста овој врвен македонски музичар пред извесно време зборуваше и за бесплатниот весник „Македонско Ехо“ кога потенцира:

-Уметноста е заборавена и скоро забранета од пред неколку години. Имам чувство дека вистинските уметници се буткаат на маргините на општеството создавајки се поголем простор за масовна неукост и невкус бидејки со таквите полесно се владее и стануваат послушници на едно тотално безумие. Мислам дека е помината критичната точка од која нема враќање, ненормалното станува нормално и меинстрим култура и тука тешко дека ке има поправен испит. Уметноста и уметниците едно време беа предвесници на социјал-политичко-економските идни случувања додека сега постанаа евтина и проста copy/paste мисла. Што поголем хаос создаден, толку повеќе лажни пророци ќе се појавуваат.

Претходна вестПриведен дилер од Грчец
Следна вестСДСМ: Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев, единствени против ЕУ