Темно Режим Светло Режим

Македонија го продолжува дијалогот со Европската комисија околу проблемот со транспортерите што го наметна Брисел

Министерството за транспорт вели да не се потпаѓа на шпекулации и оти се работи на трајно решение за македонските превозници Министерството за транспорт вели да не се потпаѓа на шпекулации и оти се работи на трајно решение за македонските превозници

Македонија го продолжува дијалогот со ЕУ околу трајното решение на проблемот со камионџиите и нивните визи што го наметна Брисел. Ова е првичната реакција на македонското министерство за транспорт по вчерашните информации од држави од Западен Балкан дека Европската комисија нема намера да им излезе во пресрет на превозниците. Тамошните камионџии најавуваа и повторни блокади.

На сето тоа реагираа од македонското Министерството за транспорт: „Особено да не се наседнува на шпекулации од соседните држави, оти секоја земја одлучува за себе, велат од Министерството и додаваат дека Македонија го продолжува со дијалог за трајно решение.

„Во постојана комуникација сме со превозниците, како и со Европската комисија за наоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше ЕУ каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци. Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем”, велат од Министерството за транспорт.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис од која се запленети 30 тони марихуана

Следниот Пост
30-тина домови и објекти во општина Сарај поплавени, има големи штети

30-тина домови и објекти во општина Сарај поплавени, има големи штети