Миовски избран во тимот на сезоната во Премиерлигата на Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби големо признание. Од страна на фудбалската Асоцијација на Шкотска, е во тимот на сезоната 2023/24. Миовски најде место во нападот поради одличните настапи во дресот на Абердин сезонава, и е единствен од тој тим.

Во тимот доминираат играчи од Селтик и од Глазгов Ренџерс, што е сосема очекувано, со оглед дека станува збор за двата најголеми клуба и ривали кои се борат за титула.

Претходна вестЈакимовски: Ако децата ни се во странство кој ќе се грижи за нивните родители?
Следна вестМАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга, Лидија Димковска автор на годината