Свесен сум за интересот на поголемите клубови за мене но јас сум презадоволен во Абердин и не брзам со некој трансфер, вели македонскиот фудбалски напаѓач, Бојан Миовски кој е член на овој познат шкотски клуб. Тој деновиве беше на заслужен одмор во родниот Штип по обврските што ги имаше со Абердин.
Миовски за локалните медиуми зборуваше на неколку теми, меѓу кои и неговата иднина.
-Имам одмор до Недела и секогаш е убаво кога ќе се биде за вакви празници дома. Во последните 5 години никогаш не бев за овие празници дома зошто секогаш имав обврски со фудбалот.Имам уште две ипол години договор со клубот и да бидам искрен одлично се чуствувам. Се што се шпекулира и пишува е нормално бидејќи кога прикажуваш добри игри во континуитет секогаш те пратат поголеми клубови. Во Абердин сум веќе година ипол и сум презадоволен, а и се надевам и дека и луѓето во Абердин се од мене. Досега за клубот имам постигнато 33 гола, кажа Миовски за фејсбук страната Штипски Асови.