Возило излетало од патот, возачот тешко повреден

Возило излетало на патот Велес – село Каратманово. Возачот на возилото бил тешко повреден во несреќата.

– Вчера во 06.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес– с.Каратманово кај место викано „Штипска клучка“ патничко моторно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(27) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Претходна вестМиовски: Презадоволен сум во Абердин, не брзам да заминам
Следна вестНова апаратура во старата Градска болница, пациенти ќе одат дома истиот ден по разбивањето на камења во бубрези