Mицкоски со честитка до муслиманските верници за Курбан бајрам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до на сите припадници на исламската вероисповед кои го празнуваат големиот верски празник Курбан бајрам.

„Искрено од срце ви посакувам многу здравје, среќа и успеси и нека празничните мигови ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските.
Овој празник е еден од најголемите празници во исламот кој секогаш потсетува на хуманоста и солидарноста како темелни човечки вредности. Меѓучовечката љубов и разбирање се основата на сеопштата благосостојба на едно општество.

Македонија била и ќе биде земја во која духот на традицијата, но и почитта и меѓусебното разбирање биле мостови кои ги поврзувале луѓето од различни вери и етникуми. Во духот на празничната порака за заедничка поддршка и борба за подобра сегашност и подобра иднина, ве повикувам сите заедно да се сплотиме и да ја градиме Македонија како земја на европски вредности и принципи. Само така ќе овозможиме нашите деца, како и нашите предци да живеат под истото македонско небо во хармонија и напредок“, наведе Мицкоски во честитката.

Претходна вестЏафери: Прегратките и џагорот за Курбан Бајрам да ги замениме со позитивни мисли и одговорност
Следна вестПонеделник ќе биде неработен ден за сите граѓани