Џафери: Прегратките и џагорот за Курбан Бајрам да ги замениме со позитивни мисли и одговорност

Претседателот на парламенот Талат Џафери, од име на Собранието и во свое лично име на верниците од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, со желба празникот да го одбележат во добро здравје и во душевен мир.

„Ова е празник кој во себе ја носи пораката на солидарноста, блискоста и сочувството кон сите луѓе, блиски или далечни, соседи или роднини, познати или случајни познанства. Празник во кој што се споделува и убавиот збор и мисла, и благодатите на трпезата и почитта и простувањето. Навикнати сме празникот да го поминеме опкружени со весел џагор и топли прегратки, искрени насмевки. За жал, речиси од почетокот на оваа година сме принудени да ги менуваме нашите секојдневни навики поради пандемијата од Ковид-19“, порачува во честитката собранискиот спикер.

Доколку до сега не научивме, сега се учиме на колективна свест и совест, за тоа колку е важно секој поединец да води сметка за своите постапки, за да истите не се рефлектираат негативно на нашите блиски семејства и на сите други, порачува Џафери.

Претходна вестОткако од коронавирус починаа 480 лица, а се заразија 10.617: Филипче се сети дека е потребен подобар одговор на предизвикот со Ковид-19
Следна вестMицкоски со честитка до муслиманските верници за Курбан бајрам