Пронајдени 11 мигранти од Бангладеш во возило на автопатот Гевгелија-Неготино

Единесет мигранти од Бангладеш, пронајдени се вчера околу 08.00 часот на автопатот Гевгелија – Неготино, кај наплатна станица „Демир Капија“, при контрола на возилата „БМВ“, со велешки регистарски броеви, управувано од О.Д.(46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски броеви, управувано од С.М.(37), двајцата од с.Бузалково, Велешко.

Како што информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитниотн центар Гевгелија, за понатамошна постапка.

За настанот е известен јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестЦаровска најави санкции за фирмите кои ја злоупотребија државната помош
Следна вестСтрујата ќе поскапе за 7,5 проценти