Струјата ќе поскапе за 7,5 проценти

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7,5 отсто и ќе чини 5,95 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,99 денари за ефтина старифа. Ова се неофицијални цени кои се содржани во предлог -одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, објавена на нејзината веб страница.

Дали ќе има измени на оваа одлука денеска треба да каже првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски кој треба дса ги соопшти официјалните цени на струјата.

Според предлог-одлуката цената на „ЕВН Хоме“ како единствен регулиран универзален снабдувач на струја за домаќинствата ѝ се определува просечен износ од 4,92 денари за еден киловатчас електрична енергија.

Кај двотарифните броила за т.н. „скапата струја“ се определува цена од 5,95 денари за еден киловат час. досега чинеше 5,54 денари за киловат час. За „евтината струја“ односно ниската тарифа се определува висина од 2,99 денари за киловат час. досега оваа струја чинеше 2,78 денари за еден киловат час. Кај еднотарифните броила се одобрува цена од 4,77 денари за киловат час.

Набавката на електричната енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи
во текот на 2020 година се планира да изнесува 3.509.851.669 kWh.

Регулаторот ја определува маржата на универзалниот снабдувач која е  утврдена преку тендерска постапка за избор на универзален снабдувач која е утврдена на 11,5%.

Според предлог одлуката новата цена на струјата ќе се пресметува од 1 август, иако на компаниите им се определува и период на жалба од еден месец.

Производната државна компанија ЕСМ лани оствари добивка од 3,15 милиони евра, МЕПСО со добивка од 7,25 милиони евра, додека ЕВН Македонија (фирма мајка на ЕВН Хоме) лани оствари профит од  34 милиони евра. Електродистрибиција (најголемиот оператор на дистрибутивниот систем и фирма ќерка на ЕВН Македонија) лани работела со загуба од  7 милиони евра.

Претходна вестПронајдени 11 мигранти од Бангладеш во возило на автопатот Гевгелија-Неготино
Следна вестЗа два дена казнети 216 лица кои на плажа во Охрид биле без маска