Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Хритијан Мицкоски смета дека треба да има морална одговорност на надлежните министри и институции за тешката автобуската несреќа во Бугарија во вторникот.
-Овој немил настан е само продолжение на корупцијата, криминалот и нефункционирањето на државните институции што почна со несреќата во Ласкарци и површната истрага во „Дурмо турс“ и продолжи со кабелот во модуларната болница во Тетово, изјави Мицкоски.
-Ние предложивме вонреден технички преглед на сите превозни средства кои се користат за јавен превоз на патници, вонреден преглед на техничките станици каде се врши техничкиот на овие автобуси, предложивме најмалку три пати годишно да одат автобусите постари од осум години, четири пати автобусите постари од 12 години, се на товар на државата и да биде јавно достапен списокот на автобуси кои имаат лиценци за превоз, не тоа да биде некоја тајна која ја крие надлежното министерство, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека сето ова треба веднаш да се направи, побара одговорност и оставки од надлежните министри и рече дека доколку сево ова не се случи, одговорност нема и не се променат некои работи во однос на корупцијата и криминалот вакви несреќи ќе продолжат да се случуваат.
Тој рече дека свесно три дена не давале коментари и им изрази сочувство на семејствата на загинатите.