Вардар ја продолжи лузерската серија по катастрофалниот старт со Пик

Лошата форма на двократниот европски шампион Вардар во овогодишното натпреварување во Лигата на шампионите продолжува, откако одиграа едно мизерно прво полувреме против унгарскиот шампион Пик Сегед за на крајот предоцна да се разбудат и да завршат со петти пораз во низа, овојпат со 27:30 (9:16).

Во првото полувреме, вардарци повеќе од 15 минути не можеа да дадат гол, додека унгарскиот тим ја полнеше нашата мрежа. По првичното водство од 1:0 со голот на Стојанче Стоилов, Веспрем направи серија и поведе со 8:1 за на одмор да отиде со високи седум разлика (9:16). На стартот на второто полувреме, Вардар успеа да намали на три гола разлика, но тоа беше се што направија момците на Веселин Вујовиќ.

Тимур Дибиров и Анте Гаџа постигнаа по пет гола за „црвено-црните“, додека Марио Шоштариќ со седум беше најефикасен за Пик.

Во вториот вечерашен меч, ПСЖ повторно го „демолираше“ Порто на Никола Митревски, стигнувајќи до убедлива 39:30 победа. Камил Шипжак блесна со 9 гола за тимот на Раул Гонзалес, седум додаде Недим Ремили.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Вардар – Пик Сегед 27:30 (9:16)