Еурофарм Пелистер со голема победа над Спортинг за второ место!

Еурофарм Пелистер продолжи со одличните игри во Европската лига на ЕХФ, откако во распродадената сала „Боро Чурлевски“ во Битола стигна до голема 31:25 (14:13) победа над Спортинг Лисабон, за да го поминат португалскиот клубн а второто место во групата Д, зад фаворитите Ним.

По ремито на гости во Португалија, тимот на Жељко Бабиќ беше мотивиран да стигне до победа на домашен терен и во второто полувреме успеаја да го надиграат противникот за трета победа во шест кола во Европската лига. Во првото полувреме, Спортинг имаше три гола предност (5:8), но Пелистер се вратија за 14:13 водство на полувреме.

Стипе Мандалиниќ и Јосип Периќ го предводеа Пелистер до победа со по седум постигнати голови, додека за гостите, Салвадор Салвадор постигна шест гола.

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА

ГРУПА Д

Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон 31:25

АЕК – Кадетен 28:31

Татабања – Ним 30:38

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Претходна вестВремето сончево со ниски утрински температури
Следна вестСе празнува Свети Климент Охридски, темелникoт на македонската духовност и култура