МКЦ и одговори на Арсовска: Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето

Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето, престанете да ни праќате неидентификувани и неовластени лица да ни вршат распити, да ни се врши мобинг и притосок на нашето работно место, порача денеска Програмскиот колегијум на Младински културен центар. Тој одговори на вчерашните обвинувања коишто против МКЦ ги изнесе скопската градоначалничка Данела Арсовска кој рече дека имало повеќе незаконитости во работењето на оваа институција.

-Повторно се обраќаме до сите надлежни институции: охрабрете се и завршете ја својата работа по закон до крај. Одважете се, и по закон спроведете ги постапките и за ревизија, и за именувања. Веќе четврта година сме мета на јавни обвинувања и подметнувања, разни финансиски полиции, ревизии, контроли и судови, порача Русе Арсов од Програмскиот колегијум.

Од Колегијумот одговорија на тврдењата на Арсовска.

-Што се однесува до бомбастичните наслови дека „шанкер зема 750 евра плата во МКЦ“, би сакале да појасниме дека: во недостаток на редовен вработен персонал, секако за да оствариме сопствени приходи ќе се потпираме на сѐ уште расположливи надворешни млади луѓе, кои се останати во градот и сакаат да работат. Најчесто тоа се студенти, кои чесно работат за дневница, често и двојни смени, која на крај на месецетот врз основа на сработеното им се исплаќа како хонорар, со платен данок. И секако 90 договори не се 90 лица – паушален одговор за 12 месеци во годината се 7 извршители месечно, секое со свој посебен месечен договор. Како и да е, на секој од нив посебно сме им благодарни, рече тој.

Во однос на тврдењето дека се земени 100.000 евра во готовина од главната благајна од Програмскиот совет наведуваат дека не им е јасно од каде се појавила ваква информација кога ревизијата се ушт ене е завршена. Додаваат дека за цела ланска година готовински се трошени само 317.500 денари.

-Во однос на нтврдењето дека имало преку 250 незаконски договори за ангажирање на лица се работи за лицата повремено анагажирани на проекти но кои се плаќани од приходите на МКЦ. Ние имаме 40 вработени и МКЦ континуирано бара од Град Скопје нови вработувања, па макар тоа било времено и преку Агенција за привремени вработувања – но за кои повторно по закон, како и за редовните вработувања, треба согласност од Град Скопје. Таа согласност не ја добиваме, потенцира Арсов.

.Од Програмскиот колегијум и порачаа на Арсовска дека системскиот проблем на партиско и некомпетентно вработување и назначување е нивниот најголем противник.

-Токму за тоа гласно се залагаме: за департизација и професионализација на кадрите. Но во реалноста тоа е само предизборен памфлет, кој не важи веднаш по добивањето на власта и позицијата. Доста е! Пак ќе повториме: Дозволете им на младите да знаат зошто треба да учат, зошто да инвестираат во своите знаења и вештини, и зошто треба да останат тука! Да им покажеме кој е единствениот пат тука, дома, пред својата публика да покажат што знаат и умеат, и од тоа да живеат. Не е партискиот активизам и политиката патот до успехот. А за почеток: отворете регуларен и фер конкурс за директор на институцијата. Како програмски уредници со драго срце и полн ентузијазам повторно ќе дадеме сѐ за културата на европско Скопје, порачуваа од Колегијумот.

Претходна вестАстероид синоќа мина близу Земјата
Следна вестФуриозниот Ѓоковиќ несопирлив на Австралија Опен, следи уште финалето