Млад градежен работник загина на градилиште во скопски Центар

Млад градежен работник загина за време на изградба на станбен објект зад Универзална сала. Настанот е потврден и од МВР.

– Вчера 09.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С.(25) од с.Сингелиќ, скопско, кој набргу починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма, на објект во изградба на подрачјето на Центар. Увид е извршен, а известени се трудова инспекција и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција, се вели во соопштението од МВР.

Според последните информации од Државниот инспекторат за труд, лани на работно место загинале 17 работници, додека пак во 2022 година загинале пет помалку, односно 12 лица

Претходна вестГренланд губи 30 милиони тони мраз секој час
Следна вестАрсовска менуваше директори, направи партија, а сега на ред ли е средувањето на Скопје?