Гренланд губи 30 милиони тони мраз секој час

Гренланд поради климатските промени губи речиси 30 милиони тони мраз секој час, покажа новото истражување, што е за 20% повеќе отколку што се мислеше, пишува „Гардијан“. Научниците се загрижени дека таквиот дополнителен прилив на свежа вода што се влева во Северниот Атлантик може да не доближи до колапс на океанските струи (феноменот Амок), со несогледливи последици за човештвото.

Губењето на мразот од Гренланд како резултат на глобалното затоплување е регистрирано со децении. Техниките кои сè уште се користат денес, како што се мерењето на висината и тежината на ледената покривка, се добри за одредување на загубата на мразот што завршува во океанот и го подига нивото на морето.

За помалку од три децении, повеќе од трилион тони мраз се изгубени
Сепак, овие техники не можат да го одредат повлекувањето на глечерите под нивото на морето во тесните фјордови околу островот. Во гореспоменатата студија, научниците анализираа сателитски фотографии за да ја утврдат конечната позиција на бројните глечери на Гренланд секој месец од 1985 до 2022 година. Фотографиите покажаа значително повлекување на глечерите, што изнесува повеќе од трилион тони изгубен мраз во набљудуваниот период.

Последните информации од студијата што ги споредува сите други мерења на мразот на Гренланд покажа дека 221 милијарда тони мраз се губат секоја година од 2003 година. Додавајќи уште 43 милијарди тони минатата година, пресметката вели дека Гренланд губи во просек околу 30 милиони тони мраз на час..

 

Претходна вестВласта најде начин како да се намали иселувањето од Македонија
Следна вестМлад градежен работник загина на градилиште во скопски Центар